Холандски грант од 7 милиони евра

Bez autora
Mar 28 2010

Успешното справување со светската криза, добрата макроекономска политика на Владата, оптимално поставениот буџет за годинава, со стриктно почитување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 проценти од БДП, како и имплементирањето на даночната реформа и намалување на придонесите за социјално осигурување коишто ги намалија трошоците на фирмите, се главните параметри кои вчера јавно беа пофалени од Светската банка и Кралството Холандија. Вчера, министерот за финансии, Зоран Ставрески потпиша договор со Маркус Репник, постојан претставник на канцеларијата на Светска банка во Скопје и со Симоне Филипини, амбасадор на Кралството Холандија во земјава. Станува збор за заем за развојни политики во износ од 20,5 милиони евра на Светска банка и холандискиот грант за буџетска поддршка во висина од 7 милиони евра.

Холандски грант од 7 милиони евраУспешното справување со светската криза, добрата макроекономска политика на Владата, оптимално поставениот буџет за годинава, со стриктно почитување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 проценти од БДП, како и имплементирањето на даночната реформа и намалување на придонесите за социјално осигурување коишто ги намалија трошоците на фирмите, се главните параметри кои вчера јавно беа пофалени од Светската банка и Кралството Холандија.

Вчера, министерот за финансии, Зоран Ставрески потпиша договор со Маркус Репник, постојан претставник на канцеларијата на Светска банка во Скопје и со Симоне Филипини, амбасадор на Кралството Холандија во земјава. Станува збор за заем за развојни политики во износ од 20,5 милиони евра на Светска банка и холандискиот грант за буџетска поддршка во висина од 7 милиони евра.

Заемот е доделен на 25-годишен рок на отплата, грејс период од осум години и каматна стапка шестмесечен либор за евро валута со варијанта 0,89 проценти.

-Средствата се одобрени бидејќи ги исполнивме сите услови и реформските политики на Владата коишто беа позитивно оценети - рече Ставрески.

Според него, овие средства се наменети за управување на јавните финансии и јавните расходи, реформите во системот на социјалната политика и одржување на стабилноста на финансискиот сектор. За министерот Ставрески, позитивни оценки има и за трезорска сметка во здравствениот систем што треба да му овозможи на Фондот за здравствено осигурување поголема контрола на расходите. Тој нагласи дека изминативе десет години кралството Холандија на земјава и има доделено грантови од над 200 милиони евра, од што 100 милиони евра се буџетска поддршка.

Репник истакна дека оваа помош на Светската банка е да се надмине полесно економската криза. Тој позитивно ја оцени макроекономската политика на државата, што и помогна да ја надмине кризата во споредба со голем број на други земји.

Амбасадорката Филипине ја пофали соработката со Македонија, особено во макроекономијата, јавните финансии, како и патот за интеграција на државата во ЕУ, а ќе продолжи и со поддршка на реформите во Царинската управа и УЈП.

Запрашан да искоментира за буџетскиот дефицит на Македонија, Репник рече дека тој е само еден од четирите елементи на макроекономската рамка.

-Тука се економскиот раст, нискиот јавен и надворешен долг - рече Репник.

Тој посебно потенцираше дека кризата не е завршена и дека треба да се прилагоди државата на новите состојби, но заради досегашните добри резултати тој не се сомнева дека резултатите ќе изостанат. Ставот на Репник го поддржа и министерот Ставрески и потенцираше дека ќе се продолжи со почитување на буџетската дисциплина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik